Базен во Волково

Skopje

Доколку сакате да резервирате или испратите прашање, потребно е да го пополните формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со инфо и вкупна цена.

За атракцијата

За летните денови имаме уште една опција преку Кајак.мк, а тоа е изнајмување на простор со базен за организирање на опуштени секојдневни собирања, пикник со семејството, опуштени бизнис состаноци па и прослави за родендени и разни семејни моменти.

Домаќинот Драган, кој ни ги отвори портите за патувачите на Кајак.мк вели дека базенот се наоѓа во Волково. До него можете да пристигнете преку обиколницата или преку населбата Геге. Од центарот на градот е оддалечен 10 километри, а до самиот простор има асфалтиран пат и три паркинг места.

Уникатноста на овој базен е тоа што се наоѓа во урбана средина, а сепак изолиран од градскиот метеж, во мирна околината и гарантирана приватност.

Гостите го обожаваат местото поради чистотата на просторот и посветеноста која домаќините ја вложуваат.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена од понеделник до петок 7000 денари
  • Цена за викенд и неработни денови: 10000 денари
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на гости
  • Објектот има туш, кујна, тоалет и простори за пресоблекување од 40м2

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до објектот
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Biljana Milutinoska 05.09.2023 16:45
Неверифициран

Koja e cenata za proslava vo sabota 9.09. So 35-40 gosti .....i od kolku do kolku h?

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од7.000 ден