Додај било каква услуга

Почитувани клиенти и сервиси на Кајак.мк. Кајак Агенција започна со користење на напредна технологија која ви овозможува брзо и лесно да ни испратите информации за да ја додадеме вашата услуга на Кајак.мк.

Ги повикуваме сите лица кои имаат било каква професија која е директно или индиректно поврзана со туризмот во Македонија да ни се обратат преку автоматската алатка за комуницирање. Сè што треба е да ни се претставите што работите, од кој град сте и ваш контакт број, а нашиот чет-бот ќе ви побара уште информации за да го изгради вашето портфолио.

Откако ќе завршите со разговорот, ние ќе ве контактираме и ќе ви испратиме детални насоки за тоа како функционира платформата на Кајак.мк, која е целосно БЕСПЛАТНА и НЕОБВРЗУВАЧКА!

Предлог професии кои може да ни пишат: туристички водичи, превозници, занаетчии, земјоделци, физиотерапевти, масери, спа центри, готвачи, музичари, спортски инструктори, ски инструктори, лица кои организираат адреналински тури, професори, историчари, уметници, производители на локална храна, професионални возачи, рент-а-кар компании и многу други.

Разговорот трае неколку минути. Можеш да прикачиш и фотографии од твојата работа.