Супер домаќин

Гастро искуство во село Куратица на 1100 метри надморска височина

Ohrid

Доколку сте група и сакате да ви се организира едно вакво искуство, испратете ни барање со селектирање на датумот, пишете ни број на лица и очекувајте понуда на вашиот мејл. Локалот работи исклучиво на резервации за групи почнувајќи од 10 лица.

За атракцијата

Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот во селото.

Од 2011 година, Ивана и Горан Мицкоски започнуваат со подготовка на разни специјалитети за гости од целиот свет, нудејќи им уникатен увид во автентичниот живот на село. Во „Плевна“, секој гостин е поканет не само да вкуси, туку и да учествува во приготвувањето на традиционални македонски јадења. Ова дава можност за вистинско искуство на учење и размена на културни вредности.

1.      Пристигнување на групата во Куратица

2.      Поаѓање за прошетка нис селото доколку групата туристи се одлучи за прошетка.

3.      Запознавање со селото и околината, планините на хоризонтот, поглед на Охридското езеро, слободни активности.


Турите се организираат претежно за ручек или вечера.

 

Се нуди можност за организирана вечера со скара и логорски оган на туристички групи.

 

Менито во домаќинството вклучува мешано месо со домашно производство, салати, сирења, петулици, макала, подготвен зеленчук, домашен леб, локални пијалоци и друго.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената за организиран ручек започнува од 25 евра по лице
  • Цената варира во зависност од комбинацијата на мени

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.537 ден