Заинтересиран сум за напредната обука. Имам прашања, ве молам јавете ми се. 070 262 704
Школа за едрење на Охридско езеро идеална за возрасни
Три дневна обука за едрење „Yacht Crew Member“ и сместување во вила во стариот град на Охрид и 7 дневна обука за напредно едрење по Охридско езеро: Inland Skipper и сместување во вила во стар град на Охрид. Доколку сте заинтересирани испратете барање со датумот кој вас ви одговара.
За атракцијата
Три дневна обука за едрење „Yacht Crew Member“ и сместување во вила и винарија во стариот град на Охрид:
Оваа обука е погодна
за потполни почетници. Со оваа основна обука за едрење, кандидатите ќе се
стекнат со потребно знаење и вештина да се биде безбеден и корисен член на
екипажот на едрилица до 24 метри.
Сопствениците на
јахти секогаш имаат потреба од добра екипа, така да ова може да биде „пасош“ за
добра забава и убави денови на едрилица.
Исто така е основна за наредното ниво „Inland Skipper“.
Обуката се одвива на едрилица три дена во траење од 09:00 до 13:00 часот и вклучува:
- Запознавање со едрилица и составни делови
- Основни јазли
- Безбедност на вода
- Одржување на правец на мотор и едрење
- Подигање на едра
- Сите постапки при сидрење и пристигнување на пристаниште
- Основи на метерологија
7 дневна обука за напредно едрење по Охридско езеро: Inland Skipper и сместување во вила и винарија во стар град на Охрид
Обуката опфаќа:
- Запознавање со едрилица и составни делови
- Check in, Check out процедури
- Управување со едрилица на мотор
- Пристанување/Испловување од пристаниште
Едрење:
Теории на едрењето
Подигање едра
Едрење во ветар, промена на правец (tackting)
Тримување (поднесување) на едра
Сидрење на бова и сидро на отворено со мотор и со едра
МОB ситуација на мотор и на едра
Метеоролгија и локални верови
Навигација, сообраќајни правила на вода (give away) и безбедност на вода
Основни јазли
Обуката започнува во сабота и завршува во петок, во сместувањето Check in е во петок и Check out vo петок
Обуките ги водат професионални скипери и инструктори за Inland & Inshore едрење согласно стандардите на ISSA и истите се сертифицирани од страна на ISSA.
Обуките на
Охридско езеро се изведуваат на едрилици-јахти со должина 8,25 метри и ширина
2,5 метри,тежина 2,5 тони.
Од досегашното
искуство на професионалните скипери и инструктори за едрење, најдобриот и
најефективен начин да се постане скипер кој би можел да едри со едрилица на
езеро со должина од 12 метри и на море со должина од 24 метри е во две фази:
1.Основна обука за едрење во Охридско езеро „ Yacht
crew member“ во времетраење од 3 дена.
2. Интензивна обука за едрење во Охридско езеро „Inland skipper“ во траење од 7 дена
По завршените
обуки кандидатите можат да добијат сертификат „Yacht crew member“ лиценца и „Inland Skipper“ издадени од страна на ISSA (International
Sailing School Association) https://issa-schools.org/
Сертификатите и лиценците се доплаќаат дополнително:
За време на обуката секој учесник треба да носи:
Обувки со природен ѓон со светла боја
кој не се лизга
Облека со UV заштита,
кратки/долги ракави
Јакна и панталони отпорни на ветар и дожд
Капа, наочари за сонце со рефлексија, заштитна крема за сонце со висок UV фактор
Едрилиците се опремени со:
- Соба за одмор, тоалет,
спална соба, тенда, скали за влез во вода
- Мини кујна, фрижидер
- Инвертер на 220V
- Безбедносни појаси
Сите кленови на јахтинг клубот имаат можност за:
Учество на интерни регати на клубот
Учество на регати на Охридско езеро и во странство
Изнајмување на едрилица за лична потреба со попуст од 50% на комерцијалната цена
Возраст на кандидатите треба да биде од 17 до 77 години.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- 3 дена по цена од 275 евра по лице
- Практична обука за едрење 3 дена на едрилица во период од 09:00 до 13:00 часот
- Сместувње со доручек во стандардна двокреветна соба (за еднокреветна се доплаќа 90 евра) во стариот град на Охрид
- Цената по лице е за обука во група од 4 кандидати
- За приватни групи од 2 лица цената е 425 евра по лице, а за 3 лица цената е 325 евра по лице
Не е вклучено во цена:
- 25 евра за годишна чланарина во Јахинг Клуб кој организира школата (обврзувачко)
- 50 евра издавање на ISSA сертификат „Yach Crew Member“ (необврзувачко)
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.