Супер домаќин

Бетонски класици на Скопје - урбана прошетка

Skopje

Бетонски класици на Скопје - урбана прошетка. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

За атракцијата

Брутализмот во Скопје е фасцинантна приказна што се поврзува со периодот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Во тој период, градот започна голема реконструкција и прерасна во архитектонска лабораторија, каде што се создадоа некои од највпечатливите примери на бруталистичка архитектура на Балканот — и пошироко.

Што е брутализам?

Брутализмот е архитектонски стил кој се појавува во 1950-тите и 1960-тите, а се карактеризира со:

– масивни форми
– откриен бетон (béton brut)
– груби и неукрасени фасади
– фокус на функционалност наместо естетика

По катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, од урнатините се издигнаа неколку впечатливи и многу специфични архитектонски дела – главната пошта, универзитетскиот кампус, новата железничка линија и студентски дом со мост што ги поврзува зградите високо над земја.

Нашата тура вклучува посета на сите овие објекти.

На турата ќе бидете придружени од лиценциран туристички водич.

Турата е во времетраење од 2-4 часа.

Може да биде во утринските, попладневните или приквечерните часеви, во зависност од барањето на групата.

Во турата е вклучено кафе и пијалок и бесконечна дружба.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 30-130 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Лиценциран туристички водич
  • Кафе/Пијалок (вода, сок)

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци (пијалаци, сувенири и слично)
  • Осигурување за патување
  • Дополнителни оброци
  • Дополнителни активности или атракции што не се вклучени во основниот пакет
  • Ручек/ Вечера - може да биде организирано на барање на групата
  • Дружба во локален паб/пивница/ресторан - може да биде организирано на барање на групата

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање