Простор за настани во Шупли Камен
Дрвена куќичка во Шупли Камен идеална за организирање приватни настани. Доколку сакате да резервирате или испратите прашање, потребно е да го пополните формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со инфо и вкупна цена.
За атракцијата
Ако некогаш
сакате да побегнете од градскиот хаос и метеж и да организирате приватен настан
за вашите најблиски пријатели, роднини, колеги или друштво, тогаш на
платформата на Кајак.мк ќе најдете уште едно уникатно местенце каде можете да
бидете потполно изолирани од очите на јавноста.
Денеска ве водиме
во Шупли Камен, излетничко место кое е оддалечено 8 километри од центарот на
Куманово.
Капацитетот на дрвената
куќарка е до 25 лица, а внатрешноста е опремена со тоалет, телевизор, а има 360
степени стаклен поглед кон природата.
До самата
локација може да се пристигне со секаков тип на возило, а има и простран паркинг
простор.
Објектот има wi-fi.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за изнајмување на просторот за максимум 25 лица
- Греење
- Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до објектот
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Сè уште нема рецензии. Бидете први.