Целодневен разглед на Кичево | Локална култура, гастрономија и природа во еден ден

Kicevo

Откријте го Кичево со целодневен професионален разглед кој ги спојува локалната култура, традиционалната гастрономија и природните убавини во едно незаборавно доживување.

За атракцијата

Целодневна екскурзија во Кичево

Утро – Природа и панорамски погледи
Посета на Китино Кале – археолошки локалитет над градот, со одлични панорамски погледи за фотографии и лесна прошетка со разгледување.

Средина на денот – Култура и историја
Посета на Манастир Света Богородица Пречиста, познат по својата мирна духовна атмосфера и прекрасната природа околу манастирот, со можност за кратка прошетка по околните патеки.

Ручек – Локална храна
Дегустација на традиционална македонска кујна и локални специјалитети.

Попладне – Природа и релаксација
Посета на Пополжани и природните извори, со можност за релаксација и прошетка во планинска природа.

Култура и историја
Разгледување на центарот на градот и посета на локални историски и културни точки или музеи.

Вечер – Традиционално село
Завршување на турата во селото Јудово со дегустација на традиционална храна и одмор во мирна селска атмосфера.

Бонус опции за турата:
Посета на Манастир Кнежино
Kратки планински прошетки околу Кичево
Запознавање со локалното културно наследство и приказни од регионот

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Просечна цена по лице: 25 – 35 € како најниска цена
  • Цената варира во зависност од големината на групата, барањата и периодот на реализација
  • Превоз
  • Лиценциран водич
  • Посети на главни атракции – Китино Кале, Манастир Света Богородица Пречиста, природни извори и другите договорени локации
  • Организирани паузи и препораки за локални искуства
  • Ручек/Пијалок

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Дополнителни активности
  • Влезници
  • Дополнителни оброци
  • Сместување/ноќевање

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.500 ден