Супер домаќин

Целодневна ексурзија во Демир Хисар: Автентично локално искуство

Demir Hisar

Доживејте го автентичниот дух на Демир Хисар преку посета на манастири, природни локалитети, традиционална храна и запознавање со локалниот начин на живот. Турата е погодна за љубители на културен туризам, природа и локални гастрономски искуства.

За атракцијата

Регион: Демир Хисар, Македонија

Турата овозможува откривање на туристичките вредности на општина Демир Хисар преку посета на културно-историски знаменитости, природни локалитети, традиционална храна и локални занаетчиски искуства.

Што ќе посетиме:
Посета на манастири во регионот
Природни атракции и локални пејзажи
Ручек во локално домаќинство со традиционална храна
Запознавање со локални производители и рачни изработки
Кратки авантуристички активности по договор, како џип или велосипедски тури

Манастири и културни знаменитости:
Манастир Св.Јован Крстител - Слепче – духовен и културен центар познат по својата традиција.
Манастир Св. Петар и Павле – Смилево – манастир поврзан со историјата и културното наследство на Смилево.
Манастир Св. Илија – Илинска Планина – лоциран на планинско подрачје со панорамски поглед кон регионот.

Природни атракции:
Посета на изворите на Црна Река – Македонија кај Железнец, со можност за кратка прошетка и фотографирање.
Кратка посета на Пештера Змејова Дупка – Демир Хисар, интересна спелеолошка локација за истражување.

Локално гастрономско искуство
Ручек во локално домаќинство со традиционална македонска кујна и домашно подготвени специјалитети.

Локални производи
Посета на локални жители кои произведуваат мед, рачни изработки и традиционални сувенири.

Авантура
Организирани џип тури низ планинските предели на Илинска Планина.
Велосипедски тури низ руралните и планинските патеки на регионот.

Информации за турата
Времетраење: 8 – 10 часа
Тип на тура: културно, природно и гастрономско доживување
Погодна за: домашни и странски туристи, мали групи и индивидуални патници

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена: од 35 до 60 евра по лице (во зависност од бројот на учесници и вклучените активности)
  • Посета на манастири во регионот
  • Природни атракции и кратки прошетки во природа
  • Ручек во локално домаќинство со традиционална македонска храна
  • Посета на локални производители и рачни изработки
  • Организирани активности како џип тури или велосипедски тури (по договор)
  • Локално туристичко водство

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Дополнителни оброци и пијалаци надвор од договореното
  • Влезници за специјални објекти доколку има
  • Осигурување на патување

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од2.153 ден