Целодневна тура во Кочани, Македонија

Kochani

Целодневна турa во Кочани: плоштади, црква Свети Ѓорѓи, брана Градче, Пониква и локален ручек. Откријте го Кочани преку класична градска тура: прошетка низ плоштадот, разглед на црква Свети Ѓорѓи и старите улици, брана Градче, село Пониква и дегустација на традиционален ручек со кочански ориз.

За атракцијата

Оваа тура е идеална за сите кои сакаат да го почувствуваат вистинскиот дух на Кочани. Ќе ги откриеме главните атракции на градот, неговата историја, култура и природни убавини, прикажувајќи го Кочани онаков каков што го доживуваат локалните жители. Посебен акцент е ставен на кочанскиот ориз како регионален специјалитет и на автентичните делови на градот и околината.

Што ќе посетиме

  1. Центар на Кочани

    • Прошетка низ плоштадот и пешачките улици, со запознавање со историјата и културата на градот.

  2. Црква „Св. Ѓорѓи“ и старите улици

    • Разглед на традиционалните куќи и архитектурата.

    • Посета на локален музеј за културното наследство (ако е отворен).

  3. Брана Градче

    • Кратка прошетка и уживање во природата и погледот.

  4. Река Кочанска и градски паркови

    • Опуштена прошетка покрај реката и зелените површини на градот.

  5. Пониква

    • Разглед 

  6. Ручек со локална кујна

    • Традиционален ручек во локална таверна или етно куќа.

    • Вклучува кочански ориз, месо, салати и десерт.

  7. Кратка прошетка и сувенири

    • Завршување на турата со кафе или разгледување на локални сувенири и ракотворби.

Турата завршува со релакс момент во центарот на Кочани, каде можете да уживате во кафе или чај и да купите сувенири и локални производи. Ова е совршена прилика да понесете дел од автентичната македонска култура, гастрономија и природни убавини со вас.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице од 45 евра
  • Цената варира во зависност од бројката и барањата
  • Транспорт
  • Водич кој ве води низ центарот и околината на Кочани
  • Посета на црква Свети Ѓорѓи и старите улици
  • Разглед на брана Градче и прошетка покрај реката Кочанка
  • Посета на село Пониква
  • Традиционален ручек со локални специјалитети, вклучувајќи кочански ориз
  • Кафе пауза и време за разгледување на сувенири

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Влезници
  • Дополнителни активности
  • Сувенири

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од2.767 ден