Супер домаќин

Целодневно автентично локално искуство во Велес

Veles

Доживејте го автентичниот Велес преку прошетка низ градот, традиционална грнчарска работилница и домашен оброк со панорамски поглед кон градот и реката Вардар. Автентично македонско културно и гастрономско искуство за туристи.

За атракцијата

Целодневната екскурзија во Велес е осмислена како автентично локално искуство кое ги комбинира историјата, културата, занаетчиството и домашната гастрономија. Турата е инспирирана од културното наследство на Коста Солев Рацин и животот во традиционалните велешки маала.

Турата започнува со лесна прошетка низ градот. Во текот на прошетката се раскажуваат приказни за историјата и културниот живот на Велес, со панорамски погледи кон:

  • Спомен Костурницата

  • Ридот со крстот и црквата Св. Илија

  • Старите делови од градот

Гостите добиваат краток вовед во градскиот начин на живот и традициите на регионот.

Следува посета на локално грнчарско семејство, каде посетителите можат:

  • Да гледаат демонстрација на традиционално грнчарство

  • Да учествуваат во мала работилница

  • Да изработат сопствен мал сувенир

Грнчарството е еден од најпознатите традиционални занаети во регионот и многу интересна интерактивна активност за туристите.

Гастрономскиот дел се организира на ридот Којник со поглед кон градот и реката Вардар.

Менито вклучува:

  • Добредојде пијалок

  • Домашни традиционални мезе специјалитети

  • Главно јадење од домашна кујна

  • Домашен десерт

За време на оброкот домаќините споделуваат приказни за градот, традицијата и секојдневниот живот во Велес.

Дополнителни информации за турата:
Траење:
6 – 8 часа
Големина на групи: 6 – 20 лица
Резервација: задолжителна

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена: 30 – 75 € по лице
  • (Цената зависи од големината на групата, менито и времето на посетата)
  • Лесна пешачка тура низ градот со приказни за историјата и културата
  • Посета на локално грнчарско семејство и кратка работилница
  • Демонстрација на традиционално грнчарство
  • Домашен оброк (ручек, доцен ручек или вечера)
  • Добредојде пијалок
  • Панорамски поглед кон:
  • Спомен Костурницата
  • Ридот со црквата Св. Илија
  • Градската саат-кула
  • Реката Вардар
  • Приказни за градот и локалниот начин на живот од домаќините

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да биде организиран и вклучен во цената)
  • Лични трошоци
  • Сувенири од грнчарската работилница

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.800 ден