Супер домаќин

Адреналински парк: Крушево

Krushevo

Паркот се наоѓа на 1400 метри надморска височина и важи за најголемиот адреналински парк во Македонија. Доколку сакате да резервирате или испратите прашање, потребно е да го пополните формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со инфо и вкупна цена.

За атракцијата

Паркот се наоѓа на 1400 метри надморска височина и важи за најголемиот адреналински парк во Македонија.

Паркот е лоциран непосредно до скијачката патека и Алто Лаунџ барот на Станич. Покрај постојниот пат до локацијата, Панорама Хотел & Спа од неодамна изградија и пуштија во употреба нов пат до паркот за уште полесен пристап за посетителите. 

Се протега на 3000 квадратни метри во прекрасната крушевска корија. Дизајниран е да предизвикува чувство на возбуда, а при тоа е целосно безбеден. Инсталацијата ја вршат експерти и истата е сертифицирана од ЕУ компанија која работи во оваа сфера. На поширока територија околу паркот има  и патеки за планински велосипедизам од светска класа.

Во него има line - мрежа од јажиња поставени на височина помеѓу дрвјата, по кои се движите. Оваа рекреација ви го активира целото тело, но и умот, бидејќи треба да се фокусирате. Исто така, не постои можност да се падне или да се повредите бидејќи пред да се искачите во височините одговорните на паркот ви опремуваат со безбедносна опрема.

По користењето на роуп лајнот, ви претстои возбудливо спуштање назад до почетната точка со zip line. Постојат два, едниот подолг, а вториот е пократок и е наменет за деца и за возрасни во должина од 150 метри.

На локацијата има и пирамида од јажиња, како и вештачка карпа од 10 метри за искачување. Да се изоставува и go-cart триколките за фантасично спуштање по скијачката патека. Со самото спуштање ски лифтот ве влече назад со триколката за нов круг. На посетителите на располагање им е кошаркарски терен, како и Алто Лоунџ барот за одмор и релаксација.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Конечна цена можете да добиете од организаторите на паркот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

daut hajrullahi 02.05.2025 11:44
Неверифициран

Zdravo, koe e rabotnoto vreme na parkot? Decata gi imam na : 8 , 13 i 17 godini. na koj park mozat? Cena na vleznica Pozdrav

Ivana Nusevski 18.09.2024 09:54
Неверифициран

Здраво, ве молам цена за 4 деца и 1 возрасен за викендов?

Brankica Josifovska 11.04.2024 17:41
Неверифициран

Zdravo, edno prasanje, dali moze od krusevo da se organizira prevoz do adrenalinskiot. Stanuva zbor za grupa deca od skopje

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање