Се изнајмува за една група на ден

Детска Хербално-Креативна Работилница

Skopje

Резервирајте детска хербално креативна работилница. Селектирајте го датумот на кој сакате да резервирате и испратете барање. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор на мејл, смс и вибер.

За атракцијата

Детска Хербално-Креативна Работилница

„Билки и уметност“ – Забава, учење и креативност во природата!
Локација: БИЛКИЛАЈФ – Хербална куќа, с. Бродец, Скопска Црна Гора
Времетраење: 2 часа (11:00 – 13:00, флексибилно според договор)
Цена по дете: 800 МКД (вклучува активности, материјали и закуска)
Минимален број учесници: 8
Можност за родендени, групни посети и инклузивни настани

Што нудиме?

Во рамки на нашата програма БИЛКОЛЕНД – Волшебниот свет на билките, подготвивме хербално-креативна работилница за деца која спојува забава, учење и креативност во природна и безбедна средина.

Работилницата е инклузивна и прилагодена и за деца со попреченост – со подвижни хербални градини, сензорски игри и пристапен простор.

Што ќе научат и доживеат децата?

  • Запознавање со лековити билки и нивните здравствени придобивки
  • Сетилни игри и откривање мириси
  • Креативна уметност со природни материјали
  • Изработка на билни сувенири
  • Садење билка во саксија и грижа за неа
  • Забавна едукација преку приказни и игри
  • Интеракција и социјализација со другарчиња

Пример програма (11:00 – 13:00)

11:00 – 11:15 | Добредојде и пријавување
• Сетилна игра „Погоди ја билката“
• Миризливо и топло добредојде

11:15 – 11:45 | Уметност од природа
• Креирање слики и боенки со билки
• Поттикнување фантазија и креативност

11:45 – 12:00 | Сувенири од билки
• Декорирање рамки со цвеќиња и лисја
• Миризливи и едукативни сувенири

12:00 – 12:30 | Закуска
• Сандвичи, билен чај, домашен сок
• Цветни колачиња, крекери со билки

12:30 – 12:50 | Моја Билка – Садење и грижа
• Садење билка и декорирање саксија
• Презентација: лаванда, камилица, нане, рузмарин...

12:50 – 13:00 | Изложба и завршен дел
• Изложба на креации
• Фото-сесија и благодарници
• Подарок-изненадување за секое дете

Бенефити:

  • Стимулација на сетилата
  • Креативен израз и социјална интеракција
  • Психо-социјална поддршка преку природа
  • Зголемено самопочитување и емпатија
  • Едукативна и терапевтска вредност

Идеално за родендени, училишни групи, едукативни излети и инклузивни настани.
📩 Резервирајте преку Кајак.мк и подарете им на децата искуство кое ќе го паметат!

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Работилница: 600 МКД (вклучува материјали, ментор-предавач и образовни активности)
  • Закуска: 200 МКД

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од800 ден