Доживеј ја Рајската Долина – АТВ Авантура и Рибен Специјалитет!

Ohrid

Резервирај еднодневно искуство во Рајска Градина! Ручек со рибен специјалитет+АТВ тура! Прочитајте ги деталите и доколку ви одговара понудата испратете барање со селектирање на датумот. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот на вашиот мејл, смс и вибер. Практикувајте писмени резервации како би биле сигурни и безбедни како гости.

За атракцијата

Спакувај добро расположение и подготви се за незаборавен ден во Jovanoski Resort во склоп на Рајска Долина – местото каде природата, вкусот и адреналинот се среќаваат!

Што те очекува?

АТВ тура (25 км) – Појди на возбудливо патување со АТВ четвороточка до недопрените убавини на Плакенска Планина! Патеката е совршена комбинација од природа, свеж воздух и авантура.
Турата е за едно лице со сопствен QUAD

Гастрономско уживање покрај природа:
По возењето, те чека оброк што ќе ги разбуди сите твои сетила:
Добредојде со Тиквешка ракија
Салата по избор
Главно јадење: Охридска пастрмка (300гр) со печен компир и охридско макало (лук)
Чаша бело вино Dalvina

Вкупна цена за целото искуство: 3970 денари по лице

Зошто Jovanoski Resort?
Оваа скриена оаза нуди мир, чист воздух и неверојатни пејзажи. Без разлика дали си љубител на адреналин, природа или добра храна – Рајска Долина е твоето идеално бегство од секојдневието.

„Рајска Долина“ се наоѓа на околу 15 километри од Охрид, на патот кон Ресен, и е сместена во близина на селото Куратица. Точната локација се споделува по направена резервација, со цел да се зачува мирот и приватноста на гостите.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице е 3970 денари за возење со АТВ мотор на тура од 25 километри, а по турата со атв мотор следува ручек
  • -Ручек (детали во описот)
  • -АТВ тура (мотор по лице)
  • -Водич за време на турата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Дополнителна храна и пијалоци

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.970 ден