Станечки водопад

Kriva Palanka

Водопадот е одлична причина која треба да ве поттикне да го искористите слободниот викенд со активности во природа.

За атракцијата

Се наоѓа на Козја Река во близина на селото Станци на 8 километри од Крива Паланка. До самото село Станци има асфалтен пат кој е долг 5 километри, а потоа се продолжува по патека која води покрај Козја Река и по 3 километри или 30 минити пешачење низ прекрасна природа се пристигнува до големиот Станечки водопад кој е на надморска височина од 1160 метри и има вода во текот на цела година.

Водопадот е висок 11 метри што е најголем водопад на Осовоските планини. Водопадот истекува во голем природен базен кој се создава од постојаното течение. Теренот до водопадот е релативно достапен и опколен со густа букова шума.

Посетата на Станечкиот водопад можете да ја искомбинирате со посета на рестораните кои се наоѓаат на Калин Камен, а кои можете да ги погледнете и резервирате преку базата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Предлог за индивидуална прошетка

Не е вклучено во цена:

  • Предлог за индивидуална прошетка

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање