Еднодневната тура „Ден на фарма“

Mariovo

Еднодневната тура „Ден на фарма“ Испратете ни барање на [email protected]

За атракцијата

Еднодневната тура „Ден на фарма“ започнува со поаѓање од Скопје рано наутро и пристигнување на традиционална македонска фарма каде што групата е пречекана од домаќините и запознаена со фармерскиот начин на живот.

Следи собирање свежи јајца од кокошките и молзење крави и кози, по што се подготвува домашен појадок од свежи и природни производи од фармата.

По појадокот следува практична работа - грижа за животните, хранење и одржување на фармата, како и извршување на потребни поправки и други задачи кои се дел од секојдневното функционирање на фармерското стопанство.

Ручекот е подготвен исклучиво од свежи и домашни производи од фармата, што ги одразува традиционалните македонски вкусови и гастрономска култура. Се вклучуваат сезонски зеленчуци, свежо млеко, сирење, јајца, домашно месо и други локални производи, приготвени на традиционален начин од страна на домаќините. Ручекот се сервира во пријатна атмосфера на фармата, овозможувајќи директен контакт со природата и селскиот амбиент. Групата ќе има можност да научи како се приготвува домашен леб, зелник, вкусни десерти, месо на селски начин и слично.

Во завршниот дел од денот, групата има можност да се релаксира и да учествува во организирани игри и музички активности, по што следува прошетка во околината на фармата пред поаѓање назад кон Скопје.

Турата „Ден на фарма“ е идеална можност за сите кои сакаат да го искусат автентичниот селски живот, да се поврзат со природата и да научат повеќе за традиционалните фармерски активности. Со внимателно креирана програма која комбинира работа, релаксација и забавни активности, ова е искуство кое остава трајни впечатоци и дополнува знаењето за македонската култура и гастрономија.

За повеќе информации и резервации, ве молиме пишете ни на [email protected]

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Транспорт од Скопје до фармата и назад
  • Добредојде и запознавање со домаќините
  • Сите активности на фармата: собирање јајца, доење, грижа за животните, поправки
  • Припрема и консумирање на домашен појадок и ручек
  • Организирани игри и музички активности
  • Кратка прошетка во природната околина

Не е вклучено во цена:

  • Лична опрема (на пример, облека погодна за фарма и работа на отворено)
  • Осигурување
  • Дополнителни лични трошоци (на пример, сувенири, пијалаци и сл.)
  • Оброци и активности надвор од опишаната програма

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање