Супер домаќин

ФИКА – Креативна пауза во Скопје

Skopje

ФИКА – Креативна пауза во Скопје. Атракцијата може да ја резервирате со испраќање на барање за резервација.

За атракцијата

Во брзото секојдневие, ФИКА нуди момент на мир и креативност.

Сместена во скопски кафулиња, оваа уникатна активност ги поврзува уметноста и релаксацијата.​

Учесниците избираат меѓу:​

  • Сликање со пастел и акварел

  • Моделирање со самостврднувачка глина

  • Креирање букети од суви цвеќиња

  • Изработка на „Визионерска Табла“​

Настанот трае 2 часа, вклучува пијалок и сите потребни материјали.

Секој учесник си ги носи изработките дома како спомен.​

ФИКА е идеална за родендени, девојачки вечери или туристи кои сакаат да го доживеат Скопје на поинаков начин.​

ФИКА не е само настан — тоа е пауза за душата, момент на креативност и поврзување во срцето на градот.

За настанот да биде реализиран, потребни се минимум четири учесника.

Цената е од 1700 до 2100 денари по учесник, со вклучени материјали за одбраната активност и пијалок.

Локацијата ќе биде споделена по потврдена резервација.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената е од 1700 до 2100 денари по учесник, со вклучени материјали за одбраната активност и пијалок

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Трансфер до локацијата на настанот
  • Дополнителни пијалоци или храна (освен еден пијалок кој е вклучен во цената)
  • Дополнителна активност од избраната

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.700 ден