Супер домаќин

Гастро Патување низ Македонија - целодневен предизвик за љубителите на македонското кулинарско наследство

Region Makedonija

Гастро Авантура низ Македонија. Турата може да се резервира само за поголеми групи. Испратете ни барање за резервација и ќе добиете конкретна персонализирана понуда.

За атракцијата

Замисли ден исполнет со вкусови и авантура низ Македонија.

Почнуваш со мирисот на свежо печиво во највкусната локална пекара, каде појадокот е вистинско уживање за сите сетила. Потоа се запознаваш со магијата на македонското кафе, топло и ароматично, кое те подготвува за денот пред тебе. Ручекот е вистинско патување низ традицијата – богатите вкусови на македонската кујна, подготвени со љубов од локални мајстори, те носат во срцето на културата. На патот ќе го откриеш и занаетот на домашната ракија, која ја раскажува приказната на македонското гостопримство. Денот завршува со слатки изненадувања – десерт и чаша македонско вино или пријатен ресторан каде можеш да уживаш во македонска паста, се потопуваш во вкусовите, мирисите и атмосферата што ги нуди секоја локација.

Секој момент од ова патување е дел од твојата мапа на гастрономскиот предизвик, која те води низ автентични локални вкусови и незаборавни приказни.


Секој учесник добива мапа исполнета со загатки, ребуси и траги, кои ве водат од едно автентично македонско место до друго. Секоја локација е внимателно избрана – пекарници, семејни домови, меани, занаетчиски работилници и пријатни ресторани – и на секоја станица ве очекува вкусен македонски деликатес.

Решавањето на загатките ве воведува во приказната на местото, во културата, традициите и историјата на регионот. Мапата не е само водич – таа е вашата врата кон авантуристичко гастро-патување, каде секој залак, секој мирис и секој момент ве носи подлабоко во душата на Македонија.

На крајот на денот, мапата се претвора во спомен на вкусовите и приказните, автентични моменти што ќе ги паметите долго време.


Повеќе информации за турата на [email protected]

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Трансфер до почетна локација
  • За трансфер низ локации во текот на денот може дополнително да се договори
  • Сите потребни материјали (мапа, загатки, нотес, слики, стикери, разгледници)
  • Оброци
  • Пијалоци
  • Раскажувач на приказни (со кој се среќавате на почетокот и крајот на вашата авантура)
  • Целосна презентација на сите посетени места

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Дополнителни трошоци за храна и пијалоци надвор од предвиденото
  • Дополнителен влез на локации кои не се предвидени во авантурата

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање