Супер домаќин

Автентична Гастро-тура низ Кратово: дегустација на локални специјалитети и традиционални вкусови

Kratovo

Искуство кое ги комбинира локалната култура и традиција преку вкусот на автентични специјалитети. Гостите имаат можност да дегустираат традиционални јадења, да се запознаат со производителите и да откријат приказни за храната и регионот, создавајќи незаборавно гастрономско патување.

За атракцијата

Кратово е град со уникатно природно и културно наследство, каде традицијата и локалната кујна се дел од секојдневието. Гастро турата е креирана за посетители кои сакаат да го доживеат градот преку автентични вкусови, интересни приказни и запознавање со локалниот начин на живот. Ова искуство комбинира прошетка, дегустација и запознавање со особеностите што го прават Кратово посебна гастрономска дестинација.

Што вклучува гастро турата?

  • Пешачка прошетка низ стариот дел на Кратово
    Ќе ги откриете кратовските кули, камени мостови и легендите што се пренесуваат со генерации.

  • Вовед во кратовската гастрономија
    Приказни за локалните производи, нивната подготовка и традиционалните рецепти.

  • Дегустација на кратовски специјалитети
    Мантии, триаголна сарма од лозов лист, качамак, катмер (зелник), топеница, маџун (слатко од тиква), домашно произведени млечни производи, кратовска ракија, кратовско вино и други локални вкусови.

  • Посета на локални производители или домашни кујни
    Запознајте како изгледа вистинска кратовска трпеза и дознајте ги тајните рецепти пренесувани од генерација на генерација.

  • Културно-историски дел на турата
    Истории за Кратово, руралниот начин на живот и неговите културни особености.

За кого е наменета?

За љубители на традиционална храна и автентични вкусови, за оние што сакаат еднодневни искуства со многу приказни, за семејства, пријатели, парови и мали групи, како и за патници што сакаат да откриваат скриени рурални дестинации. Погодна е за секој што сака да го истражи Кратово преку сите сетила.

Локација
Кратово – стара градска чаршија, кратовските кули, мостови и избрани локални домаќинства.

Времетраење
4-6 часа, зависно од групата и сезоната. Може да биде и целодневна

Зошто да ја изберете оваа тура?
Ова не е само дегустација – туку вистинско патување во време. Ќе вкусите, слушате, гледате и доживеете дел од културното наследство кое се чува со генерации. Кратово преку гастрономијата се претвора во рурална, одржлива и уникатна дестинација што тешко се заборава.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Пешачка тура низ стариот дел на градот
  • Дегустација на локални специјалитети и традиционални јадења
  • Посета на локални производители или домашни кујни
  • Објаснување за локалната гастрономија, култура и традиција
  • Кратки културно-историски приказни за градот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да биде организиран и вклучен во цената)
  • Лични трошоци и сувенири
  • Храна и пијалоци (надвор од предвидените за дегустација)

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање