Гастрономско искуство и живот на локалците во македонските села Буково и Дихово (еднодневна тура)

Bitola

Гастрономско искуство и живот на локалците во македонските села Буково и Дихово (еднодневна тура). Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

За атракцијата

Еднодневна тура - Гастрономско искуство и живот на локалците во Буково и Дихово

Поаѓање од Скопје во раните утрински часеви.

Селата Буково и Дихово, сместени во близина на Битола, нудат уникатно рурално гастрономско искуство, кое ви овозможува да се запознаете со традиционалниот начин на живот на локалците и да уживате во автентични македонски вкусови.

Село Буково е познато по својата традиционална архитектура и културно наследство. Во ова село имаме посета на локални домаќинства кои нудат дегустација на домашно произведени производи, како што се сирење, ракија и традиционални јадења. Една од атракциите што ќе ја посетиме е Буковскиот манастир "Свето Преображение", каде ќе се запознаеме со историјата и културата на регионот.

Село Дихово, сместено на падините на Баба Планина, е познато по своите природни убавини. Во ова село ќе научиме нешто повеќе за производите кои ни ги дава природата и начинот на нивното приготвување. 

Во двета села имаме подготовка на традиционални македонски јадења и запознавање со локалните обичаи и традиции. Посетата на Буково и Дихово ќе ви овозможи да се запознаете со автентичниот начин на живот на локалците и да уживате во традиционалната македонска гастрономија, што ќе го збогати вашето искуство и ќе ви остави незаборавни спомени. 

Поаѓање назад кон Скопје во доцните попладневни часеви.


Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Буково и Дихово-Скопје)
  • Лиценциран туристички водич
  • Ручек (кај локално семејство)

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање