Супер домаќин

Интерактивни коктел работилници – Научете професионално правење коктели за 2 часа

Skopje

Интерактивни коктел работилници со професионално водство, обезбедена опрема и состојки. 2 часа дружење, учење и правење коктели. Резервирајте место за групни или приватни термини.

За атракцијата

Овие интерактивни работилници се создадени за сите кои сакаат да научат како се подготвуваат коктели во опуштена и пријатна атмосфера. Секој месец се подготвува нова, внимателно одбрана тематика, за секоја работилница да биде посебно доживување.

Професионално водство
На лице место ќе ви биде обезбедена целосна опрема и сите потребни состојки. Целиот процес е проследен со презентација, насоки и постојана комуникација со искусен коктел мајстор кој ќе ве води низ секој чекор.

Комбинација на учење и дружење
Идеално место за нови запознавања, тимско дружење или едноставно уживање во правење коктели. Дојдете сами или со друштво и споделете убави моменти со луѓе со слични интереси.

Времетраење
Работилницата трае 2 часа.

Групни и приватни организации
Приватен термин: минимум 10 лица
Максимален капацитет во локал: 25 лица
За поголеми групи постои можност за организација на друга локација при тим билдинг или слични настани
За групи под 10 лица: приклучување кон веќе закажани групни термини

Резервирајте го вашето место навреме и обезбедете незаборавно коктел искуство!

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената по лице е 1.400 денари и вклучува три коктели и подарок - прирачник со коктели
  • Цената може да варира во зависност од барањата и големината на групата
  • Комплетна опрема за работа
  • Сите потребни состојки за подготовка на коктели
  • Професионално водство и презентација за време на работилницата
  • 2 часа интерактивно коктел искуство
  • Дружење и практично учење низ процесот на подготовка

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт
  • Храна
  • Дополнителни пијалаци надвор од материјалите за работилницата

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.400 ден