Супер домаќин

Тајната на Кота 1050 – Македонски фронт: 4×4 авантура и историска тура

Bitola

Искусете ја Кота 1050 на Македонскиот фронт со 4×4 теренско возило и пешачка тура. Истражете ровови, бункери, панорамски гледки и авантура во природата. За реализирање на турата потребно е минимум 4 учесници. Сите барања за помалку ќе бидат одбиени.

За атракцијата

Тајната на Кота 1050 – Македонски фронт
Еднодневна историска и авантуристичка тура – трагата на Првата светска војна

Локација
Област околу Битола и селото Ново Село/Новaци, југозападна Македонија – стратешка точка на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна.

Опис на турата
Оваа тура нуди уникатна комбинација на истражување на историски локалитети од Првата светска војна и авантура на отворено. Кота 1050 беше една од најважните позиции на фронтот, каде се воделе жестоки борби меѓу Сојузниците и Централните сили. Денеска на теренот можат да се видат остатоци од ровови, бункери и други историски структури, кои раскажуваат приказна за борбите од пред повеќе од еден век.

Вклучено во турата

  • Транспорт со 4×4 теренско возило од Битола до почетната точка

  • Водич со познавање на историјата на фронтот

  • Пешачење и истражување на теренот со историски остатоци

  • Попатни станици за фотографии и панорамски погледи

  • Приказни и легенди за битките на Македонскиот фронт

Активности и доживување

  • Посета на ровови, бункери и други историски структури

  • Пешачење низ стратегиски позиции и панорамски гледки

  • Фотографирање на теренот и околната природа

  • Истражување на природата околу фронтската зона

За кого е погодна оваа тура
Турата е погодна за сите што сакаат:

  • Историја и воена култура

  • Авантура и прошетка низ ридски терен

  • Мир и контакт со природата

  • Учење преку водич и приказни за минатото

Совети за учесниците

  • Удобни и цврсти планинарски обувки

  • Краток ранец со вода и лесен оброк

  • Заштита од сонце (крема, капа, очила)

  • Телефон со наполнета батерија за фотографии

Зошто да ја изберете оваа тура
Кота 1050 е историско богатство скриено од главните туристички патишта, кое нуди комбинација на авантура, природни убавини и уникатен историски контекст. Турата ги обединува мирот на природата со истражување на минатото, нудејќи незаборавно искуство за сите љубители на историјата и авантурата.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице од 55 евра
  • Цената варира во зависност од бројот на учесници и барањата на групата
  • Потребно е минимум 4 учесници за да се реализира турата
  • Транспорт со 4×4 теренско возило од Битола до почетната точка
  • Водич низ кањонот и историските позиции
  • Пешачење и истражување на теренот
  • Попатни станици за фотографии и панорамски погледи

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Битола
  • Храна и пијалоци
  • Лични трошоци
  • Дополнителни активности

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.382 ден