Супер домаќин

Мариво – Кањон на Црна Река: 4×4 теренско возило и авантуристичка тура

Bitola

Возете се со 4×4 теренско возило до кањонот на Црна Река во Мариово и уживајте во пешачка тура низ драматични карпи, кристална вода и нетретирана природа со водич. Кањонот на Црна Река е еден од најдолгите на Балканот со околу 100км и само еден мост на средина на кањонот. За да се реализира турата потребни се минимум 4 учесници. Испратените барања за помала група ќе бидат одбиени.

За атракцијата

Мариво – Кањон на Црна Река
Еднодневна авантуристичка тура по кањонот – природен бисер на Македонија

Локација
Област Мариово, југозападна Македонија – долината на Црна Река, меѓу ридско-планинските масиви на Селечка Планина, Ниџе и Козјак.

Опис на турата
Ова е пешачка и авантуристичка тура низ кањонот на Црна Река, една од најимпресивните природни локации во Мариово. Турата нуди блиска средба со природните форми на теренот и извонредни пејзажи, со стрмни карпи, густи шуми и кристални води. Гостите можат да уживаат во мирот на природата и да го документираат патувањето со фотографии.

Вклучено во турата

  • Водич што ја води турата низ кањонот

  • Пешачење по живописни патеки покрај Црна Река

  • Попатни станици за фотографии и панорамски погледи

  • Истражување на природните форми и околната флора

Активности и доживување

  • Пешачка тура покрај брегот на Црна Река

  • Уживање во природната тишина и звукот на вода

  • Посета на драматични карпести сегменти и речни меандри

  • Фотографски паузи на највпечатливите точки

  • Легенди и приказни за местото од локални водичи

За кого е погодна оваа тура
Турата е погодна за сите што сакаат:

  • Природни убавини без големи гужви

  • Авантура во непресечен ридски терен

  • Мир, тишина и свеж воздух

  • Пешачење со умерена физичка активност

Совети за учесниците

  • Носете удобни и цврсти планинарски обувки

  • Краток ранец со вода и лесен оброк

  • Заштита од сонце (крема, капа, очила)

  • Телефон со наполнета батерија за слики

Зошто да ја изберете оваа тура
Црна Река е природно богатство скриено од главните туристички патишта, со драматични кањони, водени текови и шарм што ќе ви остане во сеќавање. Турата го обединува мирот на природата со авантурата на пешачењето и откривањето.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице од 55 евра
  • Цената може да варира од зависност на бројот на учесници и барањата
  • Минимум 4 учесника за да се реазлизира турата
  • Транспорт од Битола до почетна точка со теренско возило 4x4
  • Водич низ кањонот
  • Пешачење по патеките покрај Црна Река
  • Попатни станици за фотографии и панорамски погледи
  • Истражување на природата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Битола
  • Лични трошоци
  • Храна и пијалоци
  • Дополнителни активности

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.382 ден