Се изнајмува за една група на ден

ОХРИД СКУТЕР АВАНТУРА – ПОЛУДНЕВНА ТУРА ДО МУЗЕЈ НА ВОДА

Ohrid

Скутер авантура и тура низ Охрид и регионот. За да ја резервирате турата потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да ја реализирате турата. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор на вашиот мејл, смс и вибер со вкупна цена. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбездно за вас и за домаќините.

За атракцијата

Истражете го Охрид од поинаков агол!

Подгответе се за незаборавна полудневна скутер-авантура, каде што ќе го доживеете духот на градот, неговата историја, култура и природна убавина – сè тоа додека возите низ најживописните делови на Охрид.

Што вклучува турата:

  • Скутер на користење
  • Лиценциран тур водич (со свој скутер)
  • Посета на:
    • Урбаниот дел на Охрид
    • Стариот дел: цркви, Антички театар, Самуилова тврдина (со детални објаснувања од водичот)
    • Пеќерска црква со неверојатен панорамски поглед кон Охридското Езеро
    • Музеј на вода (околу 16 км од Охрид)

Времетраење:
Секој ден од 08:00 до 12:00 часот

Цена:
49 € по лице
(Минимум 1 лице – максимум 4 лица по тура)

Започнете ја вашата скутер-авантура и запознајте го Охрид на начин кој никогаш нема да го заборавите!

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • 49 € по лице
  • (Минимум 1 лице – максимум 4 лица по тура)
  • Во описот е наведено што е вклучено во цена

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна локација

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.013 ден