Се изнајмува за една група на ден

Качување на Пелистер: Патување до срцето на природата

Bitola

Качување до Големото Езеро на Пелистер. Ако сте група и сте заинтересирани за тура до Големото Езеро на Пелистер, ве молиме испратете ни барање со избор на датум, број на лица и ако имате било какви прашања, слободно напишете ги во барањето. Ќе добиете одговор во текот на денот.

За атракцијата

Националниот парк Пелистер, едно од најубавите природни богатства на Македонија, е дом на некои од највпечатливите природни феномени. Карктеристични за овој парк се моликата – уникатен вид на бели борови, мистичните камени реки-морени, кристално чистите извори на планинска вода и, секако, прекрасните Големо и Мало езеро, познати како Очите на Пелистер. Оваа тура нуди исклучителна можност за љубителите на природата да се потопат во магијата на оваа планинска област и да уживаат во нејзините неверојатни пејзажи.

Турата започнува на 1170 метри надморска височина, во срцето на планината, и води низ многу живописни патеки што ви овозможуваат да уживате во магичната природа. По околу 3-3,5 часа пешачење, ќе стигнете до Големото езеро, сместено на 2218 метри, каде ќе имате време да се одморите и да уживате во непрекинатата убавина што го опкружува езерото. Големото езеро е едно од најпознатите природни чуда во Македонија, обиколено со високи планински врвови и густи шуми, создавајќи една од најпознатите и најфотогеничните локации во Националниот парк Пелистер.

Турата е предизвик за љубителите на природа и авантура, но не претставува премногу тешка задача, бидејќи е со средна тешкотија. Идеална е за оние кои сакаат да се поврзат со природата и да се опуштат во мирот што го нуди планината.

Детали за турата:

  • Должина на турата (од и до): 12 км
  • Времетраење: 7-7,5 часа
  • Почетна точка: 1170 м надморска височина
  • Завршна точка: 2218 м надморска височина
  • Тешкотија на турата: Средна

Не пропуштајте ја шансата да го искусите Пелистер и да се запознаете со неговите природни убавини кои ќе ве остават без здив.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената зависи од бројот на лица

Не е вклучено во цена:

  • Превоз до Битола

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање