Пешачка тура на планината Водно и посета на Милениумскиот крст: Скопје, Македонија

Skopje

Пешачка тура на планината Водно и посета на Милениумскиот крст. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

За атракцијата

Пешачката тура на планината Водно започнува во раните утринските часеви. 

Нашата цел е да стигнеме до врвот Крстовар, на височина од 1.066 метри, каде се наоѓа и Милениумскиот крст, кој е важен симбол за Македонија.

Во зависнот од вашата физичка спремност ние нудиме избор на повеќе патеки.

1. Село Горно Соње - врв Крстовар

Поаѓање од манастирот Св.Никола летен по густа пошумена патека.

2. Село Горно Нерези - врв Крстовар

Патека низ прекрасна зимзелена шума, која започнува од селото Горно Нерези, каде може да се посети и манастирот Св.Пантелејмон.

3. Град Црнче - археолошко наоѓалиште на Водно

Планинарска патека со благи нагорнини.

Посета на Милениумскиот крст.

Милениумскиот крст е еден од најголемите христијански крстови во светот, поставен на врвот Крстовар на планината Водно, над Скопје. Висок 66 метри, крстот бил изграден во 2002 година по повод 2.000-годишнината од раѓањето на Исус Христос. Тој е значаен симбол за православното христијанство и важен туристички објект во Македонија. 

На самиот врв има прекрасен панорамски поглед на Скопје.

Ќе имаме доволно слободно време за фотографии, кафе, уживање во чистиот воздух.

Поаѓањето назад е околу ручек.


Дополнителни информации:

За пешачење на планина, важно е да бидете соодветно подготвени, бидејќи условите може да се променат брзо.

Еве што ви е потребно:

Основна облека:

Ветровка – за заштита од дожд и ветер.

Термална маица/пуловер – да ја задржите телесната топлина, особено ако патеката е долгата или ако се движите на повисока надморска височина.

Долги панталони – најдобро е да носите панталони од лесни, брзо-сушливи материјали. Може да бидат и водоотпорни.

Капа или шал – за заштита од сонце или ладно време, особено на повисоките делови.

Ракавици – ако планирате да пешачите на повисоки планини, зимски ракавици може да се потребни.

Планинарски чевли – со добар антилизгачки ѓон и поддршка за глуждот, за да се избегнат повреди на нерамни површини.

Чорапи

Опрема - Ранец

Комфорно носење на вода, храна и дополнителна облека.

Препорачливо е да носите мал ранец за лесни планинарски патеки, а поголеми за подолги или потешки излети.

Вода и храна:

Вода – понесете доволно вода, особено ако патеката е долга и нема природни извори.

Енергенти – лесни грицки, како што се ореви, енергетски барови или суво овошје.

Навигација:

Карта или GPS уред – корисно за да не се изгубите на патеката.

Планинарски компас – во случај ако нема сигнал или за поголема сигурност.

Прва помош:

Комплет за прва помош – вклучувајќи основни материјали како ленти, антисептици, и лекови против болки или алергии.

Соларна светилка или фронтална ламба – ако патеката трае долго и ризикувате да се вратите во темнина.


Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (од хотелот до вашата избрана појдовна точка од пешачката патека и назад до хотелот)
  • Планински водич со добро познавање на теренот и планината
  • Карта за жичарата на Милениумскиот крст (доколку ја изберете како опција за назад)

Не е вклучено во цена:

  • Ручек (опција да биде вклучен во цената)
  • Пијалоци
  • Лични трошоци

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање