Посета на најмалиот етнолошки музеј во светот: село Џепчиште - Тетово, Македонија

Tetovo

Посета на најмалиот етнолошки музеј во светот. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

За атракцијата

Најмалиот етнолошки музеј во светот се наоѓа во селото Џепчиште, близу Тетово, во подножјето на Шар Планина.

Музејот, кој е во сопственост на архитектот Симеон Златев-Моне, има само 7,2 квадратни метри, но содржи повеќе од 1.500 експонати кои потекнуваат од 5-ти и 8-ми век п.н.е. до почетокот на 20-тиот век.

Експонати:

  • Најмалиот експонат: Гумена џамлија за гласање од првата половина на 20-тиот век, со попречен пресек помал од еден сантиметар.
  • Најголемиот експонат: Бакарна софра од Дојран со пречник над еден метар.
  • Најтешкиот експонат: Рачна камена воденица за бунгур, тешка 58 килограми.

Музејот е отворен за јавноста, а досега го посетиле над 7.000 посетители од земјата и странство.

Влезот е бесплатен, а посетителите имаат можност да се запознаат со стари книги, прибор за пишување, различни монети и банкноти, традиционален накит и други артефакти кои сведочат за богатото културно наследство на регионот.

По посета на музејот, во турата е вклучен и разглед на Тетово.

Полудневната тура завршува со убав ручек пред поаѓањето назад кон Скопје.


Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Џепчиште-Тетово-Скопје)
  • Лиценциран туристички водич
  • Локален претставник
  • Ручек

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање