Супер домаќин

Приватна еднодневна тура до Змискиот остров Голем Град

Prespa

Откријте го Змискиот остров "Голем град" на приватна еднодневна тура. Уживајте во природата, истражете историски остатоци и прошетајте низ строгиот природен резерват. Вклучен е чамец и лиценциран водич.

За атракцијата

Тура: Еднодневна тура до Змискиот остров "Голем Град"

Траење: Околу 4 часа (вклучувајќи пловидби и време на островот)
Тип на тура: Мала групна тура / приватна тура
Превоз: Со чамец од и до пристаништето
Јазици на водичот: Англиски, германски, српски/хрватски, бугарски

Програма

1. Состанок и качување во чамец
Заминување од пристаништето кон островот. Пловидба околу 60 минути.

2. Пловидба низ Преспанското Езеро
Панорамски погледи на езерото, околните планини и природни убавини.

3. Истражување на островот Голем Град
Островот е строг природен резерват со уникатна флора, фауна и геолошки форми. Разгледување на остатоци од древни структури и природни патеки.

4. Слободно време за прошетка и фотографии
Можност за кратка прошетка низ островот и уживање во природата.

5. Пловидба назад до пристаништето
Враќање со чамец до почетната точка.

Препорачано да понесете

Удобни обувки за пешачење
Очила за сонце и капа
Камера за фотографии
Пасош или лична карта

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената се движи од 30 – 130 € по лице во зависност од бројката на пријавени
  • Цената за целосна организација се движи околу 220 евра
  • Кајак.мк ви нуди опција за прилагодена тура според ваш интерес
  • Превоз со чамец до островот и назад
  • Туристички водич на повеќе јазици
  • Туристичка обиколка / време за прошетка на островот

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Храна и пијалоци
  • Дополнителни активности

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од13.500 ден