Супер домаќин Се изнајмува за една група на ден

Простор со базен и летниковец на Водно достапен за изнајмување

Skopje

Простор на Водно со базен, достапен за еднодневни настани. Просторот не нуди опција за ноќевање. Доколку сакате да го резервирате потребно е да испратите барање за резервација. Откако ќе испратите барање ќе добиете вкупна цена, а доколку ви одговара цената можете да го резервирате со уплата на капар.

За атракцијата

Простор за настани – близина на Капиштец и Водно

Дали барате простор за организирање на семејни прослави, родендени, друштвени собири или колегијални дружења?

На Кајак.мк е достапна уште една уникатна локација за изнајмување во близина на Капиштец и подножјето на Водно.

Просторот располага со тревник, стаклено преграден летниковец со маси и столчиња, приватен базен и природна околина која овозможува целосна приватност.

Содржини

  • Wi-Fi интернет
  • Приватен паркинг
  • Базен
  • Надворешен простор за седење

Капацитет

Максимален капацитет: до 70 гости

Работно време за изнајмување

  • 10:00 – 17:00
  • или 20:00 – 24:00

Локација

Просторот е без непосредни соседи, што овозможува целосна приватност за настани.

Прием на гости

Гостите ги пречекува сопственикот кој ги запознава со просторот и начинот на користење на опремата и реквизитите.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената за 2 лица е 6000 денари
  • Цената во просек за помали групи е 15.000 денари
  • Цената може да биде повисока во зависност од бројката на гости
  • Целосно опремен простор
  • Тоалет/Затворен простор

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од15.000 ден