Супер домаќин

Работилница за традиционално производство на афион

Skopje

Откријте ја традицијата на афионот со Роберт: работилница со дегустации, практични демонстрации, изработка на природни производи и автентично локално искуство. Доколку сакате да добиете понуда испратете барање за резервација со наведување на бројот на лица и селектирање на датумот. Откако ќе го селектирате датумот и пратите барање, очекувајте одговор со понуда и вкупна цена по која понуда можете да резервирате.

За атракцијата

Роберт е инспиративна личност и долгогодишен чувар на македонската традиција, посветен на производство на афион и природни производи. Со стручност, љубов кон занаетот и посветеност на квалитетот, тој создава уникатни производи и искуства што ги спојуваат традицијата, вкусот и креативноста. Посетата кај Роберт е повеќе од запознавање со производите – тоа е можност да учествувате директно во процесите што тој ги усовршува со години.

Во рамките на работилницата ќе имате можност за:

  • Посета на погонот за природни масла и здрава храна, каде афионот е во центарот на вниманието.

  • Дегустација на домашни производи и запознавање со нивниот процес на подготовка.

  • Практично учество во традиционалното производство на к’цан афион.

  • Подготовка и печење леб во традиционална фурна, со можност за практично вклучување.

  • Изработка на природни сапуни на традиционален начин.

  • Посета на личната уметничка галерија и куќарка на дрво на Роберт.

  • Дегустација на свежо испечено лебче комбинирано со специјалитет од огниште.

Работилницата е наменета за:

  • Групи и тим билдинг активности

  • Странски гости кои сакаат автентично доживување на македонската традиција

  • Сите кои сакаат да го почувствуваат занаетот и културата одблиску

Зошто да ја одберете:

Ова е можност за практично доживување на традицијата, под водство на човек кој темелно ја познава и искрено ја негува. Работилницата нуди содржинско, едукативно и професионално искуство што остава силен впечаток.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Посета на погонот за природни масла и здрава храна
  • Презентација за афионот и неговата примена
  • Дегустација на производи (масла, путер од афион, др.)
  • Практично учество во традиционалниот процес на к’цање афион
  • Подготовка и печење леб во традиционална фурна
  • Демонстрација на изработка на природни сапуни
  • Посета на личната уметничка галерија
  • Посета на куќарката на дрво
  • Дегустација на свежо испечено лебче со огништен специјалитет
  • Водство од Роберт низ целиот процес

Не е вклучено во цена:

  • Превоз до локацијата и назад (може да биде организирано)
  • Оброк надвор од наведената дегустација
  • Купување производи (можност постои, но не е дел од цената)
  • Лични трошоци на посетителите
  • Професионална фотографија/видео (освен ако не се договори дополнително)

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање