Супер домаќин

Ранч во Волково, Скопје – јавање коњи, прошетки со магаре и пајтон, пикник

Skopje

Доживејте го ранчот во Волково: научете да јавате коњи, прошетајте со магаре или возете пајтон, па уживајте во пикник, хипотерапија и прослава во природа.

За атракцијата

Локација: Волково, Скопје
Категорија: Ранч, јавање и активности во природа

Краток опис
Ранч во Волково за јавање коњи, прошетки со магаре, пикник и прослави во природа. Нуди и хипотерапија, пансион за коњи и кучиња, фотосесии и возење со пајтон.

Опис
Ранчот во Волково е место за одмор и активности на отворено, погодно за семејства, љубители на животни, групи и прослави. Посетителите можат да уживаат во школата за јавање, да одат на прошетка со магаре или да изберат возење со пајтон.

На ранчот има пикник зона со скара, а просторот може да се изнајми за забави и други настани. Достапни се и хипотерапија, пансион за коњи и кучиња и фотосесии во амбиентот на ранчот.

Активности и услуги

  • Школа за јавање
  • Прошетка со магаре
  • Пикник зона со скара
  • Хипотерапија
  • Пансион за коњи и кучиња
  • Изнајмување простор за забави
  • Фотосесии
  • Возење со пајтон

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Јавање и коњи
  • Школа за јавање, 10 часа по 45 минути – 15.000 ден.
  • Индивидуален час по јавање, 45 минути – 1.500 ден.
  • Возење со пајтон – 3.000 ден.
  • Коњ или пајтон за фотосесии – 6.000 ден.
  • Други активности
  • Прошетка со магаре, 10 минути – 600 ден.
  • Хипотерапија, 1 час – 2.000 ден.
  • Изнајмување простор
  • Пикник-зона со скара – 3.000 ден.
  • Простор за прослави со паркинг – 6.000 ден.
  • Пансион за животни
  • Пансион за коњи, месечно – 20.000 ден.
  • Пансион за кучиња, дневно (со сопствена храна) – 1.000 ден.
  • За повеќе информации и резервации, контактирајте нè

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт
  • Храна и пијалоци
  • Дополнителни активности надвор од пакетот што ќе го резервирате

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.500 ден