Супер домаќин

Рурално гастрономско и велосипедско искуство во Македонија, во близина на Скопје

Skopje

Рурално гастрономско и велосипедско искуство во Македонија, во близина на Скопје. Резервирајте ja ова уникатна понуда во рурална средина, каде ќе може да уживате во вистинска приватна атмосфера. Доколку сакате да резервирате потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да резервирате и пишете ни за колку лица сакате да направите резервација. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна понуда, по која можете да ја потврдите резервацијата. Практикувајте писмени резервации, така е посигурно за вас и за организаторите.

За атракцијата

Откријте ја руралната Македонија преку активно и автентично доживување кое ги спојува традиционалната селска кујна, возењето велосипед во природа и културното наследство, на само кратко растојание од Скопје. Во мирното село Умин Дол, ова искуство е совршено за гости кои сакаат локална култура, природа и лесна авантура.

 

Традиционален ручек во селско домаќинство во Македонија

Искуството започнува со традиционален домашен македонски ручек, подготвен од локални селски домаќини со сезонски и локални намирници. Ручекот се служи во автентичен селски амбиент, со топла и пријатна атмосфера која го одразува вистинското македонско гостопримство.

 

Водена велосипедска тура и културна посета (120 минути)

По ручекот следува организирана велосипедска прошетка со туристички водич низ и околу селото, при што ќе ја запознаете природата, селскиот живот и локалната традиција.

Велосипедската тура вклучува:

  • водена велосипедска прошетка околу селото,
  • посета на етно музеј,
  • посета на стогодишна брвнара,
  • раскажување за локалните обичаи, историја и начин на живот.

Оваа активност нуди подлабока поврзаност со просторот и културата, со умерено ниво на физичка активност, соодветна за рекреативци.

 

Што е вклучено во понудата?

Понуда 3 – Селски ОБЕД + Водена велосипедска и културна тура

Традиционален селски ручек во домаќинство:

  • 1 домашна ракија
  • 1 сок
  • Сезонска домашна салата
  • Главно традиционално македонско јадење (според сезоната)
  • Домашен десерт

Дополнително:

  • Водена велосипедска тура со туристички водич
  • Посета на етно музеј
  • Посета на стогодишна брвнара
  • Времетраење на турата: 120 минути

 

Цена и услови

  • Цена по лице: 55 €
  • Минимален број на гости: 2
  • Максимален број на гости: 7
  • Посети со претходна најава

 

Локација

Село Умин Дол, во близина на Скопје
Идеална дестинација за активен рурален туризам, гастрономски и културни искуства во Македонија.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената по лице е 55 евра
  • Во опис на текстот е наведено се што е вклучено во цената

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата (Со можност да се организира од Кајак.мк)

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.382 ден