Супер домаќин

Treasure Hunting на Скопско Кале: Скопје, Македонија

Skopje

Treasure Hunting на Скопско Кале: Скопје, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

За атракцијата

Скопско Кале, или Скопската тврдина, е историска атракција во Скопје, која се наоѓа на рид над реката Вардар. Изградена е во римскиот период и проширувана во византискиот и османлискиот период. Тврдината играла важна улога во заштитата на градот и денес е популарна туристичка дестинација со прекрасен поглед на Скопје и археолошки наоди.

Што всушност е Treasure Hunting?

Treasure hunting (лов на богатство) е возбудлива активност која вклучува барање и откривање скриени предмети, богатства или награди, обично со користење на траги, мапи или упатства. Оваа активност може да биде организирана како игра, авантура или хоби и е популарна кај сите возрасти.

Treasure hunting ги комбинира авантурата, решавањето загатки и истражувањето на нови места. Тоа е активност што поттикнува тимска работа, критичко размислување и чувство на возбуда кога ќе се открие богатството. Идеално е за забава, но може да има и образовна или историска вредност, зависно од контекстот.

Нашата тура е пред се од едукативен карактер, а целта е преку забавен treasure hunting, да научиме нешто повеќе за оваа историска атракција во Скопје.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената за организирање на ваква тура е 50 евра
  • Во турата може да учествуваат неограничен број учесници

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање