Тури со Катамаран од Струга
Тура со катамаран од Струга. Турите можете да ги резервирате со испраќање на барање за резервација. Селектирајте датум на кој сакате да се реализира турата и очекувајте одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Откако ќе добиете одговор со вкупна цена можете да потврдите резервација. Практикувајте барања за резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
За атракцијата
Максимум лица што може да се превозат е 11 (минимум за остварување на турата е 2 лица)
Катамаранот има безбедносни елеци за сите патници, има
музика и интернет. Гостите може да си нарачат и
пијалоци од катамаранот кои пијалоци се доплаќаат, а може и да си носат. Строго
забрането носење стакло поради заштита на езерото и безбедност на гостите.
Нудиме неколку
тури и
тоа
Тура од Струга
до Св. Наум
Турата до Св.Наум би била целодневна (околу 6-7 часа) во која се вклучени
панорамско разгледување на Охрид, кратка пауза кај заливот на коските од 30
минути, разгледување на селото Трпејца и манастирот Св.Богородица Заумска,
крајна дестинација Св.Наум, каде имама пауза за посета на манастирот и
кафе/ручек по желба на патниците.
Тура до
заливот на коските
Турата до заливот на коските би била целодневна (околу 5-6 часа) во која се
вклучени панорамско разгледување на Охрид, попатно разгледување на целото
крајбрежје до селото Пештани и крајна дестинација залив на коските каде има
пауза од 1 час. По зависност од желба на патниците може да се застане во
Пештани за кафе/ручек пауза.
Тура од Струга до Изгрев (идеална за панорамски разглед)
Турата до Изгрев вклучува едночасовно патување со разгледување на струшката
обала се до хотелот Изгрев и населбата Елен Камен.
Тура од Струга до Охрид (идеална за забава на катамаран)
Тура до Охрид 3 часа во кои се вклучени разгледување на крајбрежјето на потегот
од Струга до Охрид. Разгледување на стариот дел на Охрид и застанување во Охрид
за кафе пауза од околу 30тина минути.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цени за турите
- Тура до Св.Наум- 300€
- Тура до заливот на коските- 220€
- Тура до Изгрев- 50€
- Тура до Охрид- 100€
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата на поаѓање од Струга
- Храна и пијалоци
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Одлично! Препорачувам !!!