Винска дегустација на македонско вино во Тиквешкиот регион – автентично искуство во семејна винарија
Винска дегустација на македонско вино во Тиквешкиот регион – автентично искуство во семејна винарија. Доколку сакате да резервирате винска дегустација, ве молиме селектирајте го датумот на барањето и пишете за колку лица сакате да резервирате и која од наведените понуди во описот. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор од винаријата со вкупна цена. Практикувајте писмени резервации, така е побезбедно за вас и за винаријата.
За атракцијата
Доживејте вистинска винска дегустација во Тиквешкиот регион, таму каде што македонското вино ја раскажува својата најубава приказна. Ако сакате автентично винско искуство, далеку од комерцијалните гужви и индустриските гиганти, оваа дегустација е создадена токму за вас.
Посетете мала семејна
винарија во срцето на Тиквешијата и запознајте се со вистинската душа на
македонското винарство. Овде виното не се произведува масовно – туку со љубов,
традиција и врвен квалитет.
Зошто винска
дегустација во мала семејна винарија?
Малите семејни винарии во
Македонија се срцето на домашното винарство. Тие произведуваат ексклузивни
вина со ограничени серии, создадени за уживање, а не за масовна продажба.
За време на дегустацијата
ќе имате можност:
- да дегустирате автентични македонски вина
- да слушнете приказни за бербата, сортите и
процесот на производство
- да се запознаете со локални енолози и
семејни винарии
- да уживате во мирна, природна атмосфера во
Тиквешкиот регион
Ова не е само дегустација
– ова е винско доживување.
Винска дегустација во Фамилијарна
винарија – Тиквеш
Семејна винарија која го
негува македонскиот вински идентитет, создавајќи вина со карактер, баланс и
душа. Ова фамилијарна винарија нуди професионално водена винска дегустација,
идеална за љубители на вино, туристи, парови и мали групи.
Пакети за винска
дегустација
Дегустација со 3 вина
– 18€ по лице
Вклучува:
- селекција од 3 македонски вина
- плато со сирења
- сувомеснати производи
- свеж леб
- домашен ајвар
Идеално за кратко, но
богато винско искуство.
Дегустација со 5 вина
– 25€ по лице
Вклучува:
- селекција од 5 внимателно одбрани вина
- плато со сирења
- сувомеснати производи
- свеж леб
- домашен ајвар
Совршен избор за
вистински љубители на вино и гурмани.
Дегустација директно
од цистерна – 7€ по лице
Вклучува:
- проба на 3 чаши вино директно од цистерна
- без храна
Автентично искуство кое
ретко се доживува – директно од изворот.
Идеално винско
искуство во Македонија
Оваа винска дегустација
во Тиквешкиот регион е совршена за:
- туристи кои бараат вински туризам во
Македонија
- љубители на македонско вино
- викенд патувања
- тим билдинзи и приватни групи
- романтични дегустации за парови
Локација: Тиквешки регион, Македонија
Тип: Семејна винарија
Искуство: Винска дегустација со локални енолози
Резервирајте ја вашата винска
дегустација во Тиквеш и откријте зошто македонското вино е меѓу најдобрите
во регионот.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Дегустација директно од цистерна – 7€ по лице
- Дегустација со 5 вина и храна – 25€ по лице
- Дегустација со 3 вина и закуска– 18€ по лице
- Повеќе за цените во опис на понудата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до винаријата (може да се организира од Кајак.мк)
- Дополнителна набавка на вино (за носење)
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Сè уште нема рецензии. Бидете први.