Винарија Јостела

Македонскo винo Every order plants a tree

Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Селектирајте кои производи и колкава количина сакате да нарачате и очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго (просечна цена на каргото 80-150 денари за цела пратка). Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

About the product

Венера дипломира на Земјоделскиот факултет во Скопје и целиот свој живот го посветува на лозарството и овоштарството кое за неа е животна пасија, љубов и начин на живеење.

Работи како енолог околу 20 години. Низ кариерата имала ангажман во неколку познати винарии, за на крајот да заврши во своја сопствена винарија која на гевгеличани им е позната како „Јостела“.

Винаријата Јостела постои од 2005-та година, кога нејзиниот татко ја отвара како свое хоби, без да очекува дека еден ден таа ќе прерасне во фамилијарен бизнис. Со неговото пензионирање, конците ги презема неговата ќерка која заедно со нејзиниот син се грижат за работата на винаријата.

Јостела е препознатлива пред се по црвените вина и секако по розе од кабарне франк, кое е најпознато и најпродавано вино.


Place Order

Мерло

Мерло

Суво црвено вино од сортата мерло. Полнење 0.75 литри

530 mkd
Розе

Розе

Суво розе вино од сортата каберне франк. Полнење од 0.75 литри.

530 mkd
Жилавка

Жилавка

Бело суво вино од сортата жилавка. Полнење од 0.75 литри.

530 mkd
Каберне совињон

Каберне совињон

Црвено суво вино од сортата каберне совињон. Полнење од 0.75 литри.

530 mkd
Нуит

Нуит

Суво розе вино од сортите каберне франк и мерло. Полнење од 0.75 литри.

720 mkd
Ѕуница

Ѕуница

Суво бело вино од сортата жилавка, одлежано во дрвени буриња од багрем. Полнење 0.75 литри

850 mkd
Гаудиум

Гаудиум

Суво црвено вино од сортите Каберне совињон, Каберне франк и Мерло, одлежано во дабови буриња 0.75

1,400 mkd

Comments

No comments yet.

View More Products

See all

All categories