Винарија Стојан и Синови

Македонскo винo Со секоја нарачка засадувате едно дрво

Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Можете да селектирате кои прозизводи и која количина сакате. По испратеното барање очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

За производот

Тимот на Кајак.мк разговараше со Ванчо Шутароски, кој заедно со својот брат Николче, ја основал семејната винарија „Стојан и Синови“ во чест на нивниот татко Стојан. Винаријата, официјално регистрирана во 2022 година, е мал семеен бизнис кој ја продолжува семејната традиција и љубовта кон винарството што ја негувал нивниот татко.

Она што ја издвојува винаријата е тоа што сите нивни вина се произведуваат исклучиво од сопствени лозови насади, кои се наоѓаат токму таму каде што е и винаријата.

Од почетокот на 2024 година, „Стојан и Синови“ го проширија своето производство. Тие нудат вина од сортите вранец, прокупец, ризлинг, темјаника, како и специјалното охридско куве, на кое особено се гордеат. Производството се одвива во иноксни буриња, а годинава произвеле 5000 шишиња. Покрај виното, винаријата произведува и ракија, која е уникатна по својот состав – комбинација од магарешки трн, жалфија и мајчина душица.

„Стојан и Синови“ претставува пример за тоа како семејната традиција и посветеноста можат да се претворат во успешен мал бизнис, кој го зачувува автентичниот македонски вкус.


Направи нарачка

Вранец 0,75мл

Вранец 0,75мл

Вранец 0,75мл

550 ден
Охридско куве 0,75мл

Охридско куве 0,75мл

Охридско куве 0,75мл

550 ден
Темјаника 0,75мл

Темјаника 0,75мл

Темјаника 0,75мл

550 ден
Барикно куве 0,75

Барикно куве 0,75

Барикно куве 0,75мл

600 ден

Коментари

Сè уште нема коментари.

Разгледајте повеќе производи

Види ги сите

Сите категории