Дестилерија Царева

Храна и пијалоци Со секоја нарачка засадувате едно дрво

Произоводите можете да ги нарачате со селектирање на истите подоле. Селектирајте кои производи и колкава количина сакате да нарачате и очекувајте да ве контактираме Македонска ракија од слива, грозје и јаболка. Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број. Цената на доставата се движи од 80-150 денари за цела пратка.

За производот

Дестилеријата се наоѓа во Клименштани- охридски регион кој е познат по производството на квалитетно грозје и овошје и каде природните услови се идеални за одгледување на овошје. На надморска висина од 700 метри, овој предел има природна киселка почва што придонесува за квалитетна ракија.

Семејството Димитриески обработува земјиште од 25000 м2, на кое има засадено грозје од сортата жуплјанка, хамбург, рекацители и прокупец, сливи од сортата стелни и лепотица, јаболка од сортите златен и црвен делишец, ајдарет и јонаголд.

Дестилеријата произведува неколку типови ракија и тоа: Ракија од грозје ,слива и јаболко; бели и жолти. Белите се 50 степени, а жолтите 40-43 степени. Главниот рецепт е стариот, традиционалниот рецепт преку кој моите дедовци произведувале ракија, но имаме додадено и наши иновации кои придонесуваат за вкусот и квалитетот на ракијата.

Направи нарачка

Лозова бела ракија 0,7l

Лозова бела ракија 0,7l

Алкохол: 50% Најпроучен македонски аператив. Зреена во инокс буриња/танкери 12 месеци. Пријатен и богат вкус и мирис. Добиета од 100% македонско-охридско грозје.

660 ден
Бела ракија од слива 0,7l

Бела ракија од слива 0,7l

Алкохол: 50% Неверојатен благ мирис и едноставен вкус на слива. Зреена во инокс буриња и бистра и безбојна, свежа и мек завршеток.

660 ден
Бела ракија од јаболко 0,7l

Бела ракија од јаболко 0,7l

Алкохол: 50% Питом мирис и вкус кој доминира на свежо јаволко. Направена од зрели и сочни пловоди се пие разладена.

660 ден
Жолта ракија од јаболко 0,7l

Жолта ракија од јаболко 0,7l

Алкохол: 40% Овошна ракија од јаболко со интензивна арома и вкус на јаболко. Произведена од сиртите делишец, ајдаред и јона голд.

660 ден
Жолта ракија од слива 0,7l

Жолта ракија од слива 0,7l

Алкохол: 40% Високо ароматична ракија, направена од сорти црвена ранка и стенли. 12 месеци чувана во дабови буриња. Мирис на слива со дискретни тонови на дабово дрво со моќна овошна арома и сладок завршеток. Се сервира од 14 до 16 степени.

660 ден
Лозова жолта ракија 0,7l

Лозова жолта ракија 0,7l

Алкохол: 50% Изразито сладок вкус и дискретен мускат. Произведена од хамбург мускат, жупњанка и р’кацитељи. Хармонична со зрел вкус и примамлива арома на карамела, тутун и чоколадо.

660 ден

Коментари

Сè уште нема коментари.

Разгледајте повеќе производи

Види ги сите

Сите категории