Скротен Вранец и Темјаника Прима: Македонски вина од Делчево од вљубеник во винарството

Македонскo винo Со секоја нарачка засадувате едно дрво

За да нарачате вино од винарија Арсов, треба да селектирате подоле кои и колку произоди сакате, да испратите барање и да очекувате да ве контактираме. Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго (просечна цена на каргото 80-150 денари за цела пратка). При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

За производот

Во нашиот круг на македонски вина, додаваме винарија од Делчево, чиј сопственик е вљубеник во винарството и со гордост ги претставува своите вина, Скротен Вранец и Темјаника Прима. Опишани на начин кој целосно ќе ви го доловат вкусот на виното, со прекрасен елегантен дизајн, ова се две македонски вина кои нема да ве остават рамнодушни. Во комбинација со добро друштво, традиционална македонска храна, имајте ги на вашата трпеза за добро расположение и целосно исполнување на сите вкусови и сетила. Достапни во нашата бакалница по пристапни цени. Поддржете ги локалните винарии и вљубеници на вината.

Направи нарачка

Скротен Вранец 0.75

Скротен Вранец 0.75

Скротениот Вранец е уникатен по одличниот спој на силата на Вранецот со нежноста. Се пие во друштво, со храна по ваш избор. Избалансираната неагресивност одлично го спарува со сирења и печена живина. Не е филтрирано, содржи сулфити.

250 ден
Темјаника Прима 0.75

Темјаника Прима 0.75

Суво бело вино со македонско потекло. Прозрачната бистрина, аромите на бозел, зрела круша и ананас и средното до лесно тело ја прават Темјаника Прима, пример за елеганција. Освежителната, пријатна киселост и нежниот босилек темелно ја гаснат жедта. Прочистувачкиот ефект не остава жедни за уште една голтка. Темјаника Прима е идеална за широк опсег храна, како живина, овошје, десерти.

350 ден

Коментари

Сè уште нема коментари.

Разгледајте повеќе производи

Види ги сите

Сите категории