Denes go posetivme medtoto Ciflik Belica preubavo prekrasno mesto hranata prevkusna uslugata odlicna bi mu.preporacala da se poseti ovaa ubavina na sekoj
Ресторан Чифлик: Белица
Ресторан Чифлик: Белица Контакт: 071 266 448
За местото
Бидејќи станува збор за рибен ресторан пастрмката и крапот завземаат прво место во менито кое исто така нуди и богат избор на скара, традиционално подготвени јадења (пити, редени петулици, бакрданик и сл.), готвени јадења од месо (домашно свинско, јагнешко и ДИВЕЧ).
Поголемиот дел од јадењата се подготвени од домашни намирници, кои дел од нив се органски.
Најавтентично традиционално јадење го издвојуваме 'месото од каче'. Се користи тазе свинско месо кое е отстоено во саламура од крупна морска сол и свинска маст. Пржено со или без кромид и сува пиперка.
Ова е уникатен рецепт бидејќи ресторанот е еден од ретките кои го подготвуваат на ваков начин и каде што може да се проба овој традиционален рецепт.
Контакт: 071 266 448
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Салатата од зелка чини 80 ден. Мислам не е во ред да се пставаат во коментар вакви лажни информации.
Грабеж, салата од зелка 150 денари. Пекарскиот компир без вкус. 1000 денари поскапо за разлика од ресторанот во соседното село за истата услуга. Никогаш повеќе. И секаде ќе ве збориме, но не за убаво.
Poloso prigotvena hrana ne sum sretnala vo zivotot a sekoj vikend posetuvam vakvi restorani po Makedonija,mizerija