Приватен ручек или вечера во стариот град на Охрид
Приказната на Славица ќе ви ја раскажеме од балконот на нејзината семејна куќа која се наоѓа во стариот град на Охрид, а која од денеска е ново гастро ќоше на кое ќе можете да уживате.
За местото
Славица вели дека
е љубител на подготвување и декорирање униктна храна. Ваквиот талент и желба да
создава нешто ново и поразлично го препознале нејзините роднини и пријатели кои
и дале идеја да отпочне со мал бизнис преку кој ќе им овозможува на останатите
гости да уживаат во вкусниот залак и во прекрасниот амбиент.
Балконот на Славица се наоѓа на 5 минути од градскиот плоштад на Охрид.
На прашањето
каква храна најчесто служи, Славица ни одговори дека тоа се производи кои ги
растат на охридското поднебје, а кои се комбинираат во разни домашни јадења кои
се поразлични од јадењата што се слушат во рестораните. Посебно уникатно
е спремањето на риба по стари, веке заборавени охридски рецепти, додава таа.
Капацитетот на гости кои може да бидат на една трпеза е до 10 лица, а групата може да остане од 2 до 3 часа, колку што и трае ручекот со презентацијата.
Резервирајте ручек или вечера на терасата на Славица. Цената по лице е 50 евра.
На располага имате 2 мениа:
МЕНИ БРОЈ 1: По резервацијата и уплатата гостите одбираат што би сакале како главно јадење и десерт

МЕНИ БРОЈ 2: По резервацијата и уплатата гостите одбираат што сакаат како главно јадење и десер:

Контакт: 076 791 157
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Сè уште нема рецензии. Бидете први.