Рајска долина

Каде во Охрид

Рибник во Македонија Контакт: 071200355

За местото

На само 15 километри од патниот правец од Охрид кон Ресен и на 3 километри пред селото Куратица се наоѓа рибниот ресторан „Рајска Долина“. Тимот на Кајак.мк разговараше со Зоран и Тони. Двајца страсни рибари, кои љубовта кон спортот ги поттикнала да отворат свој рибарник изграден од лесни и природни материјали кои ќе се вклопат со природата.

Рибниот ресторан работи седум години по ред и исклучиво во летниот период. Сезоната им започнува до месец мај и трае се до октомври пред да започнат обилните врнежи и студот.

Зоран вели дека преголемата желба кон рибите и риболовот ги поттикнала да отпочат со свој бизнис каде ќе одгледуваат риба, а подоцна и да ја продаваат во свој ресторан. Пред цели 10 години започнале со градење на  рибникот, а летниот ресторан го изградиле две години подоцна.

Местото на кое е изграден рибникот е погоден за чување риба. Чистата вода од самите извори кои се во непосредна близина и недопрената природа се причината поради која стекнуваат редовни гости.

Тие велат дека најголеми комплименти добиваат од странските туристи кои ретко искусиле таква природа и го искористуваат денот да уживаат покрај течението на реката. Она што за домаќините е најважен сегмент е рибата да биде вкусна и чиста.

Од месо се служи исклучиво риба и тоа Охридска пастрмка, речна пастрмка и крап. Поради тоа што самиот рибник се наоѓа на река која е на охридско сливно подрачке, законски е забрането одгледување на друга риба.

Доколку гостите имаат желба може сами да уловат риба, особено на рибникот/езерото за крап кој преставува вистинска атракција.

Порај рибата, се служат и стандардните самати и овчото сирење од  селото Плаќе.

За рибниците и рибите потребна е грижа во текот на цела година. Одвојување на големите од малите риби, хранење, чистење и оддржување, вели Зоран. Но додава дека покрај рибите редовни другари им се и патките, кокошките и зајаците кои ја уживаат природата и бенефитите од местото.



Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе гастрономии

Види ги сите

Истражете дестинации

Каде во ОхридРезервација