Антигона - ресторан во етно комплекс Македонско село

Ресторан Антигона. Вкусот на традицијата. Вкусот на Македонија Контакт: +38971357080

За местото

Ресторан Антигона се наоѓа во етно комплексот Македонско село.

Ресторанот е вистинско место за љубителите на традиционалната македонска кујна. Во менито ќе најдете јадења подготвени по старински рецепти, со свежи локални состојки и внимателна подготовка. Тавче гравче во глинен сад, селско месо, шопска салата и топол домашен леб се само дел од вкусовите што ги воодушевуваат гостите.

Покрај храната, ресторан Антигона нуди и домашно вино, како и компот од сливи – совршен завршеток на оброкот.

Јадењата се сервираат во пријатен амбиент со дрвени маси, традиционални везени чаршафи и поглед кон природата.

Секое јадење тука претставува дел од македонското културно наследство – спој на вкус, обичаи и традиции.


Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе гастрономии

Види ги сите

Истражете дестинации

Каде во СкопјеРезервација