Виа Игнација: Вевчани

Контакт: 071 305 416

За местото

Ресторанот „Виа Игнација“ повеќе од 30 години претставува синоним за одличен вкус, гурманска храна и највисоки угостителски стандарди. Се наоѓа во непосредна близина на вевчанската река, среде недопрената природа. На посетителите им нуди богато традиционално мени, во стилски дизајниран амбиент, со капацитет од 120 седишта и тераса со капацитет од 150 седишта.

Располагаат со широка полјана, фарма за полжави, рибник, сопствен уреден паркинг, градина во која се одгледува здрава храна.

Во прекрасната природа е сместена и мини зоолошката градина во која посетителите можат да видат разни видови на птици, срни итн. Детскиот парк за вашите најмили е неограничено место за слобода и игра каде што децата ќе се препуштат на својата фантазија и уживање. Ресторанот е препознатлив по многуте специјалитети, меѓу кои најпознати се:

  • Производите од тесто какви што се вевчанскиот традиционален “виткалник” и “комат”;
  • Вевчанската скара подготвена од одбрано месо;
  • Полжавите “А ЛА ВИА” кои се одгледуваат во ресторанската фарма;
  • Свинското месо подготвено на традиционален начин под сач;
  • Свежата риба, одгледана во ресторанските рибници

Имајќи го во предвид споменатото, наспроти динамичното секојдневие, “Виа Игнација” е одличен избор за вашиот одмор, за прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или за конгреси. Водејќи се од потребите на гостите, Ресторанот Виа Игнација располага и со апартманско сместување од највисока категорија.

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе гастрономии

Види ги сите

Истражете дестинации

Каде во Вевчани?Резервација