Кораб Трница

Брендот „Кораб Трница“ потекнува од далечната 1945 година.

За местото

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Брендот „Кораб Трница“ потекнува од далечната 1945 година. Од почетокот на своето постоење, главната дејност била одгледувањето овци, а со тоа и производство и самостојна продажба преку сопствени продавници  на млечни производи и на месо. „Кораб Трница“ како бренд станува познат по надалеку познатите традиционални производи како што се „кораб кашкавал“, „трничко сирење“ и „трничко кисело млеко“. Со текот на годините претпријатието бележи континуиран раст и проширување на своите дејности. Оттаму, во 1974 година е изграден и почнува со работа ресторанот „Кораб Трница“, а потоа е дополнет и со сместувачки комплекс. Како посебно обележје на ресторанот станува качамакот, кој се служи со кисело млеко, со „кораб кашкавал“ или со „трничко сирење“, кои традиционално биле произведувани во мандра, а потоа чувани во пештери на планината Кораб.

Комплексот овозможува разни активности како што се: лов и риболов, рафтинг, планинарење, кампување,  велосипедизам и, на што сме посебно горди, овозможуваме тура јавање на коњи, која вклучува јавање до Галичник или до бачилата на Кораб, пикник со ланч-пакет и враќање на почетното место.


Контакт за резервација: +38976361953

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе гастрономии

Види ги сите

Истражете дестинации

Каде во МавровоРезервација