Ресторан Река - Патишка Река

Рурално-етно ресторанче сместено во живописното село Патишка Река, само неколку километри оддалечено од Скопје. Контакт: 075455171

За местото

Опкружен со природа, чист воздух и поглед кон шумите и реката, ресторанот нуди уникатно гастрономско доживување во традиционален амбиент.

Менито се базира на домашна кујна, со фокус на свежо приготвени локални јадења, како што се печено јагне, тавче-гравче, домашни салати, млечни производи и свежо печен леб. Сите состојки се најчесто од локални производители и подготвени на традиционален начин – во фурна или на скара.

Ресторанот располага со отворена тераса со прекрасен поглед, како и затворен дел уреден во етно-стил со дрвени маси и декоративни елементи.

Погоден е за семејни ручеци, прослави и викенд излети.

Идеален избор за оние кои сакаат да побегнат од градскиот метеж и да уживаат во тишината на природата, придружена со добра храна и гостопримство.

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе гастрономии

Види ги сите

Истражете дестинации

Каде во СкопјеРезервација