Супер домаќин

Горан- Локален туристичкии водич на англиски јазик

Local guides in Macedonia

Резервирајте локален лиценциран водич во Скопје и цела Македонија. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.

За услугата

Локален лиценциран туристички водич од Скопје со долгогодишно искуство во креирање и водење автентични културни, историски и природни тури низ Македонија.

Скопје низ три епохи: од праисторија до Втора светска војна
„Три времиња, еден град — прошетка низ 7000 години историја.“

Опис
Културно-археолошка тура која го прикажува Скопје низ три големи историски слоеви: праисторија, антички и средновековен период, како и периодот на Втората светска војна. Преку избрани локации се следи континуитетот на развојот на градот низ илјадници години историја.

Програма
Тумба Маџари – неолитска населба стара над 7000 години
Скопско Кале – антички и средновековен период со панорамски поглед на градот
Меморијален музеј на илегалните работници – Втора светска војна, индустрија и отпор

Вклучено во цена
Лиценциран туристички водич
Пешачка / комбинирана тура (2.5–3 часа)
Историско и археолошко толкување
Превоз

Цена
25 евра по лице
Минимум 4, максимум 7 учесници
Влезници (донации) не се вклучени

Детали
Времетраење: 2.5–3 часа
Локација: Скопје

Концепт
Скопје како жив историски континуитет каде различни епохи се надоврзуваат една на друга.


Маврово Escape – Избери ја својата авантура
Природа, традиција и планински предели

Опис
Целодневна тура во Националниот парк Маврово со две различни варијанти – едната фокусирана на водопади и традиционални села, а другата на велосипедска авантура низ планински предели и мијачко наследство.


Варијанта 1 – Водопади, села и зајдисонце
Рутата започнува со посета на Дуф водопад кај Ростуше, продолжува кон Тресонечките водопади и води низ шумски и планински предели.

Следува престој во селото Гари со традиционален ручек и автентична атмосфера.

Турата завршува во Лазарополе со панорамски поглед и зајдисонце.

Локации
Дуф водопад
Ростуше
Тресонечки водопади
Гари
Лазарополе


Варијанта 2 – Велосипедска тура низ Маврово
Велосипедската рута започнува од Маврови Анови и продолжува кон Галичник, едно од најпознатите планински села во Македонија.

Патеката води низ планински предели со паузи и панорамски точки, а завршува во Гари со одмор и локално доживување.

Локации
Маврови Анови
Галичник
Гари
Планински предели на Маврово


Вклучено
Лиценциран туристички водич
Организација на турата
Превоз

Не е вклучено
Ручек
Лични трошоци

Детали
Целодневна тура
Национален парк Маврово
Мали групи или приватни тури

Концепт
Две различни искуства во еден регион – природа, движење и културна автентичност.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цените на турите се објавени во описот на текстот
  • Цените варираат во зависност од бројката на пријавени лица
  • Цените може да бидат повисоки по лице доколку групата е помала/во ек на сезона

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна локација

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.540 ден