26.04.2024

Прекрасни бунгалови опколени со многу зеленило на Охридско езеро

Комплексот се состои од четири модерно опремени објекти кои вклучуваат четири студиа и еден фамилијарен апартман со две спални соби.

Прекрасни бунгалови опколени со многу зеленило на Охридско езеро

Тимот на Кајак.мк денеска ве води во близина на Елшани, каде веднаш над автокампот Елешец и обграден со заштитената убавина на Националниот парк Галичица, се наоѓа уште еден комплекс бунгалови и апартмани кои од денеска се достапни во базата на Кајак.мк.

Апартманите можете да ги резервирате со еден клик ОВДЕ.


Комплексот се состои од четири модерно опремени објекти кои вклучуваат четири студиа и еден фамилијарен апартман со две спални соби. Секој апартман има своја кујна, купатило, бесплатен интернет, ТВ, и сопствен балкон, овозможувајќи ви да уживате во приватноста и удобноста на вашиот простор.


За оние кои сакаат да се дружат, терасата на комплексот ви нуди можност да уживате во пијалоци, сладолед и лесни ужинки додека гледате кон впечатливите пејзажи кои ја опкружуваат оваа идилична локација. Без разлика дали сте љубител на вода или планина, оваа локација е совршеното место за секого. Од тука може да излезете на пешачење, трчање или велосипедизам по разгранетата мрежа од локални патишта.


Културните и историски атракции како Заливот на коските се само на кратко возење. Важно е да споменеме дека Карали е место каде домашните миленици се исто така добредојдени. Вашите миленичиња можат слободно да уживаат во вашето друштво без дополнителна грижа.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии, информации како и да испратите барање за он-лајн резервација, кликнете ОВДЕ.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!