Тимот на Кајак.мк ги открива најуникатните сместувања во Македонија, каде за време на вашиот престој ќе можете да ја почувствувате Македонија на еден поинаков начин.
| Доколку сакате да резервирате кликнете ОВДЕ. |

Денеска ве водиме во село Сопот, во регионот на Тиквеш, каде како опција за престој имаме една прекрасна мала семејна винарија која од неодама отвори свои нови и уникатни сместувачки простории.

Идеална комбинација за љубителите на виното и совршена комбинација за мали друштва до 10 лица кои сакаат да уживаат на Тиквешкото поднебје. Гостите на винаријата имаат можност да посетат лозови насади, пчеларник, винарии во околината. Ова сместување е одалечено 6 километри од Кавадарци и Неготино.

Винаријата располага со 5 соби, од кои 2 соби се со по еден брачен кревет и 3 сои се по три единечни кревети. Повеќе информации, фотографии како и опција за он-лајн резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.