Еј дечки, од денеска во базата на Кајак.мк ќе наидете на уште една уникатна вила опколена со многу зеленило, дрвца и секако простран двор во кој можете да уживате со цело ваше друштво.
| Доколку сакате да ја резервирате вилата кликнете ОВДЕ. |

Дали можеби работите он-лајн и имате флексибилно работно време? Ова е идеално сместувањет за вас доколку сакате да ја преселите “вашата канцеларија“ во природа. Градските жештини можете да ги замените со прошетки околу Беровско езеро, на ручек во локалните гостилници и со активности во природа како велосипедизам, планинарење или пак кајакарење.

Вилата има три
спални соби од кои две се со брачен кревет, а третата спална соба е со единечен
кревет. Вилата има пространа дневна соба и опремена кујна за приготвување на
оброци.
Исто така, ова
шармантна вила дозволува влез на домашни миленици, што ќе ви го збогати вашето
патување со нови спомени со вашето домашно милениче.
Доколку сакате
повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација кликнете ОВДЕ.