Од денеска на Кајак.мк ќе најдете уште еден нов и модерн апартман со џакузи којшто е отворен за гости пред само 2 месеци. Вилата се наоѓа во Маврови Анови со приватен паркинг простор за едно возило.

Ентериерот на сместувањето е модерно дизајниран за да ги задоволи очекувањата на гостите кои бараат луксузни сместувања. Апартманот 1 којшто се наоѓа на првиот спрат располага со огромна дневна соба, ходник, тоалет со купатило и спална соба со џакузи.

Апартманот има капацитет да смести 4 возрасни лица од кои 2 во спалната соба и две лица до дневниот престој. Дневниот престој е 32 м2, што ви гарантира одлична комоција.
Повеќе информаци,
фотографии како и опција за он-лајн резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.